ВИДЕО | Мајка откри како децата да ве послушаат од прва, бев викање и повторување

2 mins read

Понекогаш најпредизвикувачката работа во родителството е да ги убедиме децата да не послушаат. Кога би ја знаеле магичната формула со која ќе постигнеме вечна послушност од децата, животот би бил многу полесен. Сепак, свесни сме дека отпорот на децата кон правилата е нормален и здрав, како и дека се работи за нивна борба за автономија.

Американската мајка Ванеса Фалоне практично го оствари својот родителски сон

Таа го сподели нејзиниот генијален метод да ги натера децата да се качат во автомобилот по излетот во паркот, а сепак не мораше да го крева гласот или да го повторува своето барање.

Во видеото на ТикТок, Фалоне откри дека практикува мирно да им се обраќа на децата преку микрофон во паркот, во јавност, каде што секој може да го чуе нејзиното барање.

„Џенифер и Кајла, време е да го напуштиме паркот“, вели таа мирно додека нејзиниот глас одекнува низ отворениот простор.

@vanessafalone Notice, nobody said “huh!?” #WomenOwnedBusiness #OscarsAtHome #funny #fy #foryou #momjokes #momsoftiktok #foryourpage #fyp ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show

Се слуша далечен крик: “Нееее!”

„Ве молам спакувајте ги работите и тргнете кон автомобилот… веднаш“.

Вопозадина се слушаат аплаузи и навивање – веројатно од други родители, присутни во тоа време во паркот.

Во текстот Фалоне истакна:

„Забележете, никој не рече „а?“

Фалона собра повеќе од 200.000 лајкови а и на останатите родители им се допаднала идејата па се пошегувале со Фалона – „Додај го овој производ и во мојата кошничка“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кустурица во одбрана на Путин и агресијата: Војната во Украина е војна против православјето

Следно

Ѓоковиќ останува број еден, елиминиран Медведев во Мајами

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian