Утврдени стотици непријавени имоти во Град Скопје

1 min read

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли.

-Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, помшто е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот, соопштија од Град Скопје. 

Оттаму велат дека го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.

Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Објавен Конкурсот за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година

Следно

Ограбен домот на Дејвид и Викторија Бекам: Крадци влегле додека парот бил во куќата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian