„Слободен печат“: Операцијата успешна, пописот „полумртов“

4 mins read

Во утрешното печатено издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 Пописот ја вознемири и подели јавноста – Операцијата успешна, пописот „полумртов“

Експертите за барањата да се анкетираат граѓаните што не беа теренски попишани: Дополнително попишување е упад во пописот

– Не може дополнително да се анкетираат тие граѓани бидејќи идентитетот е строго доверлива категорија и ќе се навлезе во интимата на тие лица. Ако отпосле се земаат тие податоци, кој може да гарантира дека врз тие лица нема да биде извршен етнички и политички притисок – вели поранешниот директор на ДЗС, Дончо Герасимовски.

 

Бугарското малцинство било најбрзорастечко во земјава: Бугари двојно повеќе отколку на последниот попис

 

– Поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, соопшти дека разговарала со организациите на Бугарите во Македонија, според кои податоците за 3.504 Бугари биле фалсификувани.

 

Се јави дури и турското МНР:  Турците „на востание“ против пописот!

 

– Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ“,реагира Демократската партија на Турците.

 

Економија

Јавната администрација најавува протести во април: Нема да има плата под минималната, а скалестото зголемување ќе почека

– Законски измени со кои нема да може да се исплатува плата под минималната плата и во јавниот сектор ќе се гласаат на 5 април, но скалестото зголемување на платите ќе се случи во „најдобар тајминг за Владата и за државата“.

 

Годишен извештај за 2021: Во јавниот сектор се вработени 132.088 лица во 1.346 институции

Бројот на вработените во државната власт претставува само 13 отсто од вкупната бројка на вработените во јавниот сектор, односно од вкупно 132.088  вработени во јавниот сектор, во Владата, министерствата, органите во нивен состав, органите на државната управа, се вработени 15.302 лица – рече министерот Адмирим Алити.

 

Свет

Прегрупирање на сите фронтовиБитка за извлекување на страдалниците од Мариупол

-Десетици автобуси за евакуација на цивили и камиони со храна и лекови се очекува денеска да стигнат до Мариупол. Од оваа операција зависат животите на десетици илјади луѓе во Мариупол, изјави претставник на Црвениот крст.

 

Скопје – Зоолошката урива рекорди, минатиот викенд ја посетиле 13.257 граѓани

– Пролетната сезона имаме многу нови проекти, едукативни работилници и хуманитарни базари. Едно од најатрактивните катчиња, Бејби ЗОО, повторно ќе биде отворено за дечињата, информираат од Зоолошка

 

Спорт – По европското злато, борачот Егоров цели на светски медал

 – Македонија долго чекаше на европска титула во нашиот најтрофеен спорт, сè до златото освоено од Владимир Егоров на штотуку завршеното ЕП. Следна цел на нашиот борач ќе биде трофеј од Светското првенство во Белград
 

Мозаик

Што прави денеска: Андреј Цветановски, режисер

Во моментов сум во интензивни проби за најновата претстава „Амбасадор“ од полскиот апсурдист Славомир Мрожек во продукција на НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип. Бидејќи работата на режисер е така да речам теренска, во моментов се наоѓам во Штип и тука го поминувам денот. На пробата заедно со моите соработници и актерите, како и техничката екипа на Народен театар Штип се обидуваме да ја направиме претставата што подобро.

 

Утре и специјален прилог со ТВ-програма

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Од следната сезона пет замени и во Премиер лигата

Следно

Регулаторна за кафе ќе троши по 5.000 денари на ден, секој ден Бислимоски ќе има 5 500 евра за трошење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian