Шест земји на традиционалниот меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС

2 mins read

Традицијата продолжува, и оваа година како и во изминатите 52 години на Календарот на Светската и Европската кајак Федерација во својот стандарден термин на 2-3 април повторно се најде Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС.

Како и секоја година, така и оваа, Кајакарската Федерација на Македонија во соработка со Градскиот Кајакарски сојуз како технички организатор го организираат 53 издание на нашата најценаета кајакарска манифестација, Традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС 2022.

Илинденскиот кајак слалом како симбол на кајак спортот во Град Скопје, Република Македонија и пошироко во Европа, во сите свои досегашни изданија има угостени Олимписки, Светски и Европски шампиони, а патеката Матка во изминатите 18 години беше домаќин на четири Европски првенства во кајак слалом и спуст, а воедно во периодот од 2014 до 2019 година беше домаќин на едно од шесте кола од Европскиот куп во спуст. Самото ова покажува зашто оваа патека се смета за една од најубавите природни патеки во Европа.

Натпреварите се предвидени да се одржат во два натпреварувачки дена, 2 април – квалификации со почеток во 10.00 часот и 3 април со почеток во 10.30 часот – полуфинални и финални натпревари. Натпреварувачите се веќе пристигнати и во текот на цела оваа недела обавуваат по два тренинга дневно на патеката во Спортско рекреативниот центар Матка.

На натпреварите ќе се појават 40 натпреварувачи од шест земји: Македонија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово. Дел од нив се нашиот најдобар натпреварувач Ангел Петрушев победник на минатогодишниот ИКАС, Марко Ѓорѓевиќ – Србија минатогодишен освојувач на сребрениот медал, Лоранд Гјоши кој минатата година се натпреваруваше за репрезентацијата на Италија, а оваа година ќе ги брани боите на Косово – освојувач на бронзениот медал изминатата година, Душан Мачкиќ – Босна и Херцеговина минатогодишен финалист, Зисекас Панајотис – Грција, Милош Јефтиќ, Огњен Димитријевиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руската сопранистка Ана Нетребко се предомисли: Отворено ја осудувам војната во Украина, мојот став е јасен

Следно

„Македонија во 2021 со најмал раст на БДП од земјите во регионот и за разлика од нив се уште не сме го надополниле падот од 2020 година“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian