Се решава проблемот со отпадните води во село Орман, Ѓорче Петров

1 min read

Денеска во Општина Ѓорче Петров се одржа официјална Мониторинг Посета во рамките на проектот за Прекугранична Соработка- Косово – Република Македонија, финансиран од IPA II Програмата на Европска Унија, од која Општина Ѓорче Петров во партнерство со Општина Ново Брдо од Косово користат Грант средства за реалиазија на проектот “Пилот интервенции за третман на отпадни води и управување со цврст отпад во прекуграничниот регион”.

Ова го соопшти првиот човек на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. 

– Со овој проект ќе се изгради пречистителна станица во с. Орман и ќе се реши проблемот со отпадните води во овој дел на општината, порача тој. 

skopjeinfo.mk

Претходно

„Македонија во 2021 со најмал раст на БДП од земјите во регионот и за разлика од нив се уште не сме го надополниле падот од 2020 година“

Следно

ФОТО | Познатото украинско мачорче успеа да собере над 8000 евра за донации за Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian