Руската сопранистка Ана Нетребко се предомисли: Отворено ја осудувам војната во Украина, мојот став е јасен

2 mins read

Руската сопранистка Ана Нетребко, која беше критикувана дека ја поддржува руската инвазија во Украина, во средата се огласи на својот фејсбук-профил воедно најавувајќи и дека продолжува со концертите во Европа кон крајот на мај.

„Жал ми е ако моите дела и изјави во минатото беа погрешно протолкувани“, напиша славната 50- годишна сопранистка која живее во Виена. „Јас отворено ја осудувам војната во Украина. Мојот став е јасен“, додаде таа.

Како што се засили притисокот врз неа и врз руските уметници, Ана Нетребко, која има руско и австриско државјанство, на 1-ви март објави дека ги откажува сите настапи „додека не се одлучи поинаку“.

Ја нападнаа дека го поддржува Путин: Славната руска сопранистка ги откажа сите настапи

Во март таа требаше да настапи во филхармонијата „Елба“ во Хамбург, во Милано и во Цирих. Два дена подоцна, таа ја напушти и Метрополитен операта во Њујорк, по што нејзиниот агент за германскиот неделник „Der Spiegel“ го потврди крајот на нивната соработка.

Контроверзна приказна во позадина

Иако отворено никогаш не го поддржа рускиот претседател, таа беше критикувана затоа што во декември 2015 година во Донецк беше фотографирана со знамето на проруските сепаратисти.

Таа, исто така, предизвика контроверзии кога му врачила чек од 15.000 евра на прорускиот украински политичар и бизнисмен Олег Царјов. Таа потоа се бранеше велејќи дека сака да помогне на уметноста, особено на операта во Доњецк, која Украина престанала да ја финансира.

„Со претседателот Путин сме се сретнале само неколку пати во мојот живот, на церемонијата на доделување награди за мојата уметност и на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија во 2014 година“, рече таа, истакнувајќи дека „никогаш не добила финансиска поддршка од руската влада“.

Некои руски уметници се отстранети од програмата на Запад, како што е диригентот Валери Гергиев, близок до Кремљ, кој е сменет од функцијата директор на Филхармонијата на Минхен. Ана Нетребко ја започна својата кариера во 1994 година, благодарение на него.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Град Скопје набавува три нови возила за потребите на противпожарната бригада на Скопје

Следно

Шест земји на традиционалниот меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian