РК Вардар парично казнет поради лошата организација на дербито со Е. Пелистер

1 min read

Во второто коло од плеј-офот во македонската супер машка ракометна лига во дербито одиграно во СЦ „Јане Сандански“ – Скопе составот на Е. Пелистер славеше минимално со 23:24 против Вардар 1961.

Овој дуел, за кој влезот беше слободен за јавноста, го одбележаа инциденти кои се случуваа на трибините.

Веднаш со влегувањето на гостинските навивачи во салата, се дојде до обид за пресметка меѓу „Комитите“ и „Чкембарите“ по што во еден момент беше прекинат натпреварот.

Дел од „Комитите“ дојдоа до трибината каде што се наоѓаа „Чкембарите“ и се обидоа физички да се пресметаат, потоа почнаа да летаат разни предмети на теренот и на трибините.

Поради лошата организација, врз Основ на Статутот на Ракометната федерација на Македонија и Дисциплинскиот Правилник на РФМ, донесена е одлука РК Вардар 1961 да добие парична казна во висина од 60.000 денари.

Во самата завршница ракометарот на Вардар 1961, репрезентативецот Стојанче Стоилов бурно реагираше, незадоволен од судиските одлуки, по што доби црвен картон. Изречена му е дисциплинска санкција, забрана на настап од еден натпревар.

Пивотот нема да биде во составот на Давид Дејвис за средбата од домашната лига против вториот тим на Е. Пелистер која ќе се игра на 2 април.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Познатото украинско мачорче успеа да собере над 8000 евра за донации за Украина

Следно

Петков најави „резултати“ од Историската комисија во најскоро време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian