Распродадено за еден час: Е. Пелистер ќе има голема поддршка за мечот со Нексе

1 min read

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ на 5 април од 18.45 часот ќе го играат реванш натпреварот од осминафиналето во Лига Европа против Нексе.

Во првиот натпревар Хрватите на домашен терен славеа со резултат 29:26 против Е. Пелистер, негатива од „минус три“ која ќе се обиде македонскиот вицешампион да ја анулира на возвратната пресметка.

Денеска ракометниот клуб Е. Пелистер информираше дека спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е целосно распродадена за само еден час.

Па така, на реваншот ракометарите на Е. Пелистер ќе имаат повторно голема поддршка од трибините во обидот да ја остварат целта и се пласираат во четвртфиналето на ЛЕ.

Во меѓувреме екипата ќе има натпревар од домашната лига, дуелот со Охрид на 2 април со почеток од 15.00 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експерти од Оксфорд конечно открија: Дали телефоните го зголемуваат ризикот од тумори?

Следно

Данило Доленц: Професионално спроведен попис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian