Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а во деновите од викендот на планините од снег.