„Платите во образованието да се усогласат со Колективниот договор, ги поддржуваме протестите на синдикатите“

1 min read

Платите во образованието да се усогласат со Колективниот договор, ги поддржуваме протестите на синдикатите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вработените во образованието се потценети. Потребно е усогласување на платите согласно Колективниот договор со што наставниците ќе земаат и до 45 илјади денари.

Повисоки плати мора да има и во високото образование. Асистент на факултет кој е магистер, а е запишан и на докторски студии зема плата од 23 илјади денари, тоа е демотивирачки за секој млад човек да се занимава со наука, стои во партиското соопштение и се додава:

„Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатите. Работниците имаат право да се борат и да го бараат тоа што ги следува.

Дополнително потребни се зголемувања на платите и во другите области, и раст соодветен на минималната плата.

Само реален раст на платите ќе го зачува стандардот на граѓаните“.

kurir.mk

Претходно

Австрија инсистира Македонија да преговара со ЕУ

Следно

Ве пече во градниот кош, а не е срцето?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian