Отворени бракови: Џејда и Вил Смит не се единствените кои не практикуваат верност

4 mins read

Скандалот на 94-то доделување на Оскарите, кога Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок поради шегувањето на сметка на неговата сопруга Џејда, повторно ја отвори темата за отворените бракови.

Причината за тоа се шпекулациите кои со години кружат за одност на овие двајца сопружници. Вил и Џејда се запознале на сетот на серијата „Принцот од Бел Ер“ која со емитувањето започна во 1990 година. Тие се венчаа седум години подоцна, а во бракот добија и две деца, ќерката Вилоу и синот Џејдан.

Иако нивната заедница со години делуваше како типичен брак, набрзо започнаа да се шират гласини за тоа дека познатиот пар всушност практикува полиаморија. Актерот минатата година конечно проговори на таа тема и откри дека мечтаел да има многу жени истовремено.

„Не знам каде сум го видел тоа, но како тинејџер ми делуваше како одлична идеја да имам 20 жени кои би ги сакал, со кои би патувал и за кои би се грижел“, изјави тој и откри дека долго посакувал дел од неговиот харем да се актерката Хали Бери и балерината Мисти Копланд. Како што објасни, со работа на себе си дошол до заклучок дека нема ништо лошо во тоа што е оженет и мисли дека Хали Бери изгледа добро.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит/ Фото: Профимедиа

Тој потврди дека и неговата сопруга Џејда има сличен став.

„Џејда никогаш не верувала во конвенционален брак. Таа имала членови од семејството кои биле во неконвенционални врски. Така таа пораснала поинаку од тоа што сум пораснал јас. Постои постојан разговор помеѓу нас за тоа што е совршена врска. Поголемиот дел од нашата врска и она што сме го избрале е моногамија, но не сме размислувале за моногамијата како за совршена врска“, раскажа тогаш Смит.

Дека не се единствени во Холивуд кои практикуваат ваков однос, покажуваат бројни други примери.

Меѓу нив е и ќерката на Вил и Џејда, Вилоу Смит, која призна дека практикува полиаморија.

Актерката Меган Фокс и нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин исто така практикувале некаков вид на отворен брак. Уште од 2009 година американските медиуми известуваа дека Брајан на тогашната сопруга и дал зелено светло за врски вон бракот, но дека тој не ги имал истите погодности. Нивниот брак сега е завршен, а актерката е во врска со музичарот Машин Ган Кели.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин/ Фото: EPA-EFE/PAUL BUCK

Деми Мур и Ештон Кучер исто така често беа тема кога станува збор за контроверзен брак, а во 2011 година американските медиуми објавија дека „цел Холивуд знаел за нивните вонбрачни афери“.

Деми Мур и Ештон Кучер/ Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

И Гвинет Палтроу со својот сега поранешен сопруг, фронтменот на групата „Coldplay“ Крис Мартин била во прилично отворен брак, таа не покажувала љубомора и ништо не и значеле аферите на нејзиниот сопруг.

Дека полиаморијата е актуелна во Холивуд покажаа и Анџелина Џоли и Бред Пит кои заедно поминаа 13 години, а во тој период наводно практикувале отворен брак. И двајцата имале сличен поглед на оваа идеја и никогаш не направиле проблем кога станувало збор за паралелните врски.

Анџелина Џоли и Бред Пит/ Фото: EPA/IAN LANGSDON

Пред бракот со Канје Вест, Ким Кардашијан некое време беше во врска со Ник Кенон, кој всушност побара од неа да бидат во брак, под услов таа му дозволи да има и паралелни врски, а тоа за неа да биде забрането, но Ким очигледно не се согласила со таа идеја.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вељановски: Во текот на предизборната кампања во Србија јавните функционери ги имаше во медиумите повеќе отколку што е коректно

Следно

Дејвис: Невозможно е со два месеци работа да бидеме на потребното ниво во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian