Полјакот Хурберт Хуркач го победи Русинот Данил Медведев со 2:0 по сетови 7:6, 6:3 и се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами.
Медведев имаше можност да се врати на првото место на АТП ранг-листата со пласман во полуфиналето. Но, бранителот на титулата во Мајами, Хуркач, беше подобар ривал и го надигра Русинот. По голема борба во два сета, Полјакот дојде до победата.
Благодарение на победата на полскиот тенисер, српскиот ас Новак Ѓоковиќ на најновата листа која ќе биде објавена во понеделник ќе има само 10 поени повеќе од Медведев. Новак ќе има 8420, а Данил 8410 поени.
Противник на Хуркач во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Миомир Кецмановиќ од Србија и Шпанецот Карлос Алкараз.
Веќе е позната една полуфинална двојка, Франциско Серундоло од Италија ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд.