Официјално: Од следната сезона пет замени и во Премиер лигата

1 min read

Од следната сезона (2022/2023) менаџерите во Премиер лигата ќе имаат право на пет замени во текот на натпреварите, официјално беше потврдено во четвртокот.

Во соопштението на Премиер лигата се наведува дека клубовите се договориле за промена на правилата околу замената на играчите.

Исто така на состанокот во четврток е договорено летниот преоден рок да започне на 10 јуни и да трае до 1 септември 2022 година.

Променети се и мерки против ширење на коронавирусот. Од 4 април, играчите и стручниот штаб повеќе нема да се тестираат двапати неделно, туку ќе се тестираат само оние кои чувствуваат симптоми.

Останатите промени вклучуваат укинување на медицинските пасоши за пристап до претходно забранетите области.

– Благосостојбата на играчите и стручниот штаб останува приоритет, а Премиер лигата ќе продолжи да ја следи националната ситуација со коронавирусот и да ги приспособува протоколите низ лигата по потреба, во согласност со најновите инструкции од јавните здравствени власти и медицинските експерти – се вели во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Историјата на бурната изградба на Ајфеловата кула

Следно

„Слободен печат“: Операцијата успешна, пописот „полумртов“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian