Нестабилно време со пороен дожд до сабота, можна појава на град

1 min read

Времето денеска ќе биде претежно облачно, уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.

Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, во недела на повисоките планини на запад од снег.

kurir.mk

Претходно

Маричиќ: По 20 години успешно спроведен попис по европски стандарди ​

Следно

Денеска крводарителска акција во Чифте амам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian