Необични факти за познатите: Обама го обожава Хари Потер, Анџелина Џоли сакала да балсамира луѓе

3 mins read

Познатите личности секако дека имаат одредени особености и карактеристики како и сите обични луѓе од крв и месо. Нивните животни ситуации се преполни со анегдоти, но и невообичаени факти кои можеби малкумина ги знаат. Ги откриваме некои од најинтересните.

Аријана Гранде

Instagram
Аријана Гранде / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката го „позајмила“ ова име од цртаниот филм „Мачорот Феликс“, а самата е алергична на мачки. Очигледно дека ѝ се посреќило, барем со името.

Кијану Ривс

Profimedia
Кијану Ривс / Фото: Profimedia

Ретко кој знае дека омилено место за релаксација на познатиот хуманитарец и актер Кијану Ривс се библиотеките. Овој човек кој помага во многу добротворни цели, исто така ги знае сите сонети на Шекспир напамет и ги рецитира без проблем.

Ријана

ријана
Ријана / Фото: ЕPA-EFE/WILL OLIVER

Поп ѕвездата која ужива огромна светска популарност во родниот Барбадос е третирана како вистинска „светица“. Имено, жителите во чест на пејачката имаат одреден ден „Денот на Ријана“ каде се слави нејзиниот лик и дело и цел ден се слуша нејзината музика. Интересно, зарем не?

Леонардо Ди Каприо

леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Холивудскиот актер често ја раскажува вистинската приказна околу тоа како го добил своето име. Неговите родители биле на одмор во Фиренца, шетајќи низ една позната галерија. Кога мајка му застанала пред слика на Леонардо Да Винчи, малиот Лео силно клоцал во стомакот на мајка му. „Тоа беше знак“ – изјавиле родителите.

Анџелина Џоли

Анџелина Џоли /Фото: EPA/JAMAL NASRALLAH

Во младоста, холивудската актерка јавно ја толкуваа како перверзна и бизарна личност. Не е ни чудо, ако се земе предвид фактот дека ја интересирале студии за балсамирање тела, но и организирање погреби. Во периодот кога беше со Били Боб Торнтон, парот јавно ја искажуваше љубовта со взаемно пиење крв.

Дејвид Боуви

дејвид боуви
Дејвид Боуви / Фото: Profimedia

Десната зеница на пејачот е проширена, откако неговиот школски пријател Џорџ Андервуд го удрил во тепачка, наводно за девојка. Години потоа, тие станале добри другари, но проширената зеница на Дејвид стана феномен и многу луѓе мислат дека тој имаше различна боја на очите, а всушност не е така.

Барак Обама

Обама дејта сој
Барак Обама / ФОТО: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Поранешниот претседател на САД можеби е професионалец и човек кој постојано носи вратоврска, но кога ќе си дојде дома, сака да „нурне“ во светот на магијата. Имено, познато е дека политичарот е страствен обожавател на серијалот книги „Хари Потер“ и голем почитувач на делата на Џ.К Роулинг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тапка во место истрагата за украдени бебиња во Србија, институциите се покривале меѓу себе

Следно

ЛШ: Митревски и Порто во финишот избегнаа пораз против Монпеље

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian