Народот во Македонија страда од поделби: Мицкоски повика на обединување, само така ќе и тргне на државата

2 mins read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето вчерашно гостување во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија се осврна на резултатите од Пописот кои беа презентирани на македонската јавност.

Мицкоски овој попис го нарече некомплетен и потенцира дека веднаш после промената на власта, ќе се направи нова статистичка и реална операција.

– Ние уште на самиот почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна, е дека мнозинството, огромно мнозинство повеќе од 90-тина% од тие кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ според општините каде тие се наоѓаат и ние ги наброивме денес на прес-конференцијата но истовремено и порачавме дека веднаш после промената на власт ќе имаме една вистинска статистичка операција, електронски попис на кој што јасно ќе знаеме колкаво е резидентното население во Македонија, порача Мицкоски.

Тој како следен заклучок што го извлече е тоа дека Македонија се депопулира, односно дека се намалува бројот на резиденти во Македонија, речиси повеќе од 10% споредено со претходниот попис и тоа, како што рече Мицкоски е поразителен факт за сите политички елити и политичари кои изминативе 20 години функционираа на политичката сцена.

Мицкоски меѓудругото истакна дека народот во Македонија страда од поделби.

„Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро, рече Мицкоски.

Тој порача дека во овие тешки времиња кога се сочуваме со економска и национална криза потребно е обединување околу ВМРО-ДПМНЕ за да може да и тргне на Македонија.

-Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме, а не да продолжиме да се делиме и мислам денеска и тоа го зборувавме на прес конференцијата дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне, порача Мицкоски.

kurir.mk

Претходно

Формула 1 го подготвува најскапиот договор во спортот – Лас Вегас доби трка

Следно

Комплексот кај поранешна „Треска“ предвидува згради само до 5 ката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian