Маричиќ: По 20 години успешно спроведен попис по европски стандарди ​

2 mins read

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ им честита на Државниот завод за статистика и сите институции што учествуваа во пописот, успешно спроведен по  20 години, повикувајќи да не се користи за политички поени.

-Одредени политички партии се обидуваат да го користат пописот за политички цели или за собирање политички поени, а од друга страна се сеќаваме дека дел од партиите во Собранието, особено оние кои имаат порадикални позиции, а и партиите надвор од Собранието коишто денес го критикуваат пописот, повикуваа на бојкотирање во тој период, рече Маричиќ во интервју за ТВ Шења.

Вицепремиерот додаде дека не само во ЕУ,  Северна Македонија беше една од ретките држави во светот којашто немаше попис 20 години, истакнувајќи дека пописот треба да биде извор на податоци на анализа за креирање на политиките за, како што рече, да видиме каде сме погрешиле изминатите 20 години и што може да се прави подобро во следните 10 години.

Тој во интервјуто говореше и за спроведувањето на реформите во повеќе области при што истакна дека тешко се менува перцепцијата кај граѓаните, особено кога тие се сведоци на ситна корупција секој ден, но и на поголеми скандали и судски случаи.

-Наша цел е да изградиме систем по кој ќе се постапува по овие случаи, редовно и на институционален начин, рече Маричиќ, потенцирајќи дека не треба да се остави само на судот на јавноста и медиумите, кој е легитимен, туку дека е потребна и правна разрешница за случаите на корупција.

Вицепремиерот рече дека и Собранието има важна улога, бидејќи таму доаѓаат сите извештаи на државните институции и ги повика пратениците да ги користат сите свои можности за контрола и мониторинг.

Во интервјуто вицепремиерот за европски прашања зборуваше и за напредокот во односите со Бугарија, војната во Украина, придобивките од членството во НАТО и реформските процеси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Собранието закажани продолженија на четири седници

Следно

Нестабилно време со пороен дожд до сабота, можна појава на град

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian