ЛШ: Вардар денеска ќе го игра првиот меч од осминафиналето против Веспрем

1 min read

Денеска со почеток од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје екипата на Вардар 1961 ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Веспрем од Унгарија.

Тренерот на скопските „црвено-црни“ Давид Дејвис е свесен дека ривалот ја има фаворитската улога, но ветува дека во првите 60 минути на домашен терен заедно со навивачите македонскиот првак ќе се бори да оствари победа против силниот и квалитетен противник.

А кога сме кај фановите, пред стартот на средбата ќе се организира фан зона во склоп на СЦ „Јане Сандански“ која ќе трае од 16.00 до 18.30 часот.

Составот на Вардар 1961 за денешниот меч: Ристовски, Томовски, Стоилов, О. Њокас, Валчак, Куни Моралес, Георгиевски, К. Њокас, Диало, Чувара, Тото, Гаџа, Талески, Дибиров, Додиќ, Ѓукиќ.

Судии на натпреварот ќе бидат Хрватите Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица, додека ЕХФ делегат е Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

Потсетување дека победникот од овој двомеч, во четвртфиналната фаза на ЛШ ќе ги одмери силите против данскиот Алборг.

Фленсбург со совлада Пик Сегег, реми на ПСЖ во Норвешка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Телескопот Хабл ја откри најдалечната и најстарата ѕвезда до сега

Следно

Хоџа: Процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian