ЛШ: Митревски и Порто во финишот избегнаа пораз против Монпеље

1 min read

Екипите на Порто и Монпеље ремизираа денеска во првиот натпревар од осминафиналето во ЕХФ Лигата на шампионите со резултат 29:29.

Французите имаа шанса пред реваншот да обезбедат убава предност, на пет минути пред крајот на средбата имаа позитива од 24:28, но португалскиот шампион успеа да го избегне поразот.

За домаќините настапи македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски кој забележа една одбрана, а неговиот клупски колега Себастијан Франдсен имаше девет интервенции.

Кај стрелците за Порто доминираше Антонио Ареја со шест погодоци, додека на спротивната страна по пет имаа Диего Симонет и Карл Валиниус.

Лига на шампиони (2021/2022)

Осминафинале
Први натпревари, резултати –

Флензбург – Пик Сегед 25:21
Елверум – ПСЖ 30:30
Порто – Монпеље 29:29
Вардар 1961 – Веспрем 22:30

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Необични факти за познатите: Обама го обожава Хари Потер, Анџелина Џоли сакала да балсамира луѓе

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и врнежливо време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian