Кустурица во одбрана на Путин и агресијата: Војната во Украина е војна против православјето

2 mins read

Режисерот Емир Кустурица изјави во Белград дека војната во Украина е „војна против православјето“ и оцени дека би било подобро кога лидерите на западните земји би оделе на Парадите на победата во Москва изминатите години, отколку што сега „ја гледаат таа парада во живо“, пишува Nedeljnik.rs.

„Војната во Украина, за која со сигурност можеме да тврдиме дека долго е подготвувана со асистенција на Пентагон, всушност е војна против православието и против сето она што една автентична култура претставува како главна пречка на патот на трансхуманизмот – претворањето на луѓето во она што е проверено“, изјави Кустурица, примајќи награда во Храмот на Свети Сава.

Кустурица е политички многу активен и тој е познат како поддржувач на Владимир Путин и други авторитарни лидери, поради што е особено контроверзен во западните земји. На почетокот на месецов, раководството на филмски фестивал во Чешка одлучи да му ги одземе наградите на Кустурица поради тоа што прифатил да биде на чело на Централниот театар на руската армија, пред рускиот напад на Украина.

Во денешната изјава, Кустурица оцени дека украинските власти се пронацистички и дека се свртеле против народот во Доњецк и Лиганск, само затоа што тој сакал пријателство со Русија и да живее по своите принципи и во својата култура“.

„Ние дури сега почнуваме да ја сфаќаме природата на нацизмот, затоа што неговите корени се прекриени со емоциите на ослободувањето во Втората светска војна. И дали на крајот било подобро или поевтино, а тоа е и моето обѕирно прашање, претседателите од Западот да присуствуваа на прославата неколку години на Парадата на победата, наместо што сега, таа парада ја гледаат во живо?“, вели Кустурица.

Се поставува прашањето, додава тој, дали нацизмот сега е во ново руво или тоа ќе биде само нова форма на феноменот „од кој многу подоцна ќе произлезе она што е почнато со пандемијата на ковид-19?“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ристески: Во време на 4 кризи, власта ги троши народните пари како во изреката „Село гори, баба се чешла“

Следно

ВИДЕО | Мајка откри како децата да ве послушаат од прва, бев викање и повторување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian