Илија Димовски бара нов попис, тврди дека над половина милион луѓе не биле евидентирани

1 min read

Пописот е неточен и недостасуваат 405.000 граѓани и дополнително 132.000 граѓани не се изјасниле за својата етичка, јазична и религиска припадност. Вкупно 537 илјади граѓани не се регистрирани, а тоа се 21,48% од вкупниот број жители во земјава, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги резултатите од статистичката операција.

Според него, ако некој паметен во светот може да прифати таков попис, тогаш нека повели нека објаснува.

„Затоа се такви реакциите на заедниците во Македонија и коалициските партнери на СДСМ. Ќе создаде многу проблеми од денес натаму и од тој аспект мојот став е дека мора да се спроведе нов попис. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен по ова. Ова ќе создаде многу институционални, уставни и управни проблеми за граѓаните на нашата држава, рече Димовски во емисијата „24 анализа“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вардар е плиток за Веспрем, „црвено-црните“ со минус осум го очекуваат реваншот во Унгарија

Следно

Неделков: Штрајкот ќе трае додека не се исполнат барањата на СОНК, 4 години молиме за социјален дијалог, но владата и ресорните министерства немаат никаков одговор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian