ФОТО+ВИДЕО | Телескопот Хабл ја откри најдалечната и најстарата ѕвезда до сега

2 mins read

Набљудувањето на „Earendel“ беше можно благодарение на ретко космичко порамнување, што значи дека „Earendel“ можеби е единствената поединечна ѕвезда од оваа епоха што некогаш ќе ја видиме…

Вселенскиот телескоп „Хабл“ на НАСА, ја сними најоддалечената ѕвезда некогаш видена и со тоа отвори редок поглед во античкиот универзум.

Светлината од ѕвездата, наречена „Earendel“, патувала околу 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата. Набљудувањето на „Earendel“ беше можно благодарение на ретко космичко порамнување, што значи дека „Earendel“ можеби е единствената поединечна ѕвезда од оваа епоха што некогаш ќе ја видиме.

„Речиси не ни верувавме на почетокот, беше многу подалеку од претходната најдалечна ѕвезда“, рече Брајан Велч, докторант по астрономија од Универзитетот Џон Хопкинс и главен автор на трудот. „Проучувањето на „Earendel“ ќе биде прозорец во ерата на универзумот со која не сме запознаени, но што има доведено до сè што знаеме“.

хабл телескоп наса
Хабл/ Фото: Принтсктин, НАСА

 

Научниците проценуваат дека „Earendel“, чие име на стар англиски значи „утринска ѕвезда“, е најмалку 50 пати поголема од масата на Сонцето и милиони пати посветла, што ја вбројува меѓу најмасивните познати ѕвезди. Благодарение на природното зголемување од огромното галаксиско јато, WHL0137-08, кое се наоѓа помеѓу нас и „Earendel“, астрономите успеаја да ја откријат.

Научниците пресметале дека светлината на „Earendel“ е зголемена за неколку илјади – ситуација што можеби нема да се повтори со другите древни ѕвезди во текот на нашиот живот.

„Ова можеби е најстарата ѕвезда што некогаш ќе ја видиме од Големата експлозија“, рече д-р Гијом Малер, астроном од Универзитетот Дурам и коавтор.

ЕСА ја суспендираше соработката со Роскосмос: Русија планира самостојна мисија на Марс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Комплексот кај поранешна „Треска“ предвидува згради само до 5 ката

Следно

ЛШ: Вардар денеска ќе го игра првиот меч од осминафиналето против Веспрем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian