ФОТО/ВИДЕО: Невреме го разбесни Охридското Езеро, ветерот корнеше покриви

1 min read

Силниот јужен ветер, кој денеска донесе големо невреме во Охрид, откорна покрив од зграда и оштети три стана од друга зграда, јавува „Охрид1.мк“. Дел од лимениот покрив паднал и врз автомобил паркиран пред зградата.

Во текот на денот, на езерото се подигнаа големи бранови, кои според локалните медиуми, предизвикале помала штета во куќите покрај брегот во стариот дел од Охрид. Ветерот соборил и бандера на една од градските улици.

Фото: Петар Паунче/Фејсбук

Сличен случај имаше и пред неколку години, кога летна дел од покривната конструкција на болницата, како и од салата на основно училиште.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија против Португалија во квалификациската група за ЕП 2024

Следно

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian