ФОТО | Познатото украинско мачорче успеа да собере над 8000 евра за донации за Украина

1 min read

Милион луѓе ги видоа виралните видеа од мачорот Степан како седи покрај разни пијалоци или храна и во позадина свири музика. Овој мачор стана „меме“ и многу често може да се види во најразлични контексти, особено на твитер-профилите на корисниците.

Веројатно ретко кој знае дека мачорот е всушност милениче на Ана од Украинa, од Харков. Неодамна Степан и Ана побегнале на сигурно во Франција, а откако стигнале таму, Ана успеала да собере преку 8000 евра за пет добротворни организации кои им пружаат помош на животните и миленичињата погодени од војната во Украина.

„Кога стигнавме во Полска, Светската организација на влијателни блогери од Монако ни понуди помош. Ни помогнаа да стигнеме во Франција, и чекаме погоден миг кога ќе можеме да се вратиме дома. Засега сме добро. Многу сме загрижени за нашите роднини што останаа во Украина, и ќе направиме сѐ  што можеме да ѝ помогнеме на нашата земја – изјави сопственичката на мачорот.

Степан е спасен како малечко маче и првпат се појави на „ТикТок“ во 2019 година, благодарение на видеото во кое мачето „лежерно“ седи покрај чаша црвено вино, а во позадина тече I just called to say I love you, од Стиви Вондер.

Денес Степан има повеќе од милион следбеници на Инстаграм и Тик Ток.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се решава проблемот со отпадните води во село Орман, Ѓорче Петров

Следно

РК Вардар парично казнет поради лошата организација на дербито со Е. Пелистер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian