Европската хумана пракса и во Град Скопје: Еве што нуди ЈСП за лицата со попречености

1 min read

Во поголем дел од возилата од ЈСП Скопје залепени се пораки „Разбери, прифати, сакај!“ кои укажуваат дека лицата кои носат инклузивна лента се лица со попреченост и апелираат секој кон нив да биде трпелив, љубезен и подготвен да помогне.

Оваа активност е дел од проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ во кој се вклучија ЈСП и Град Скопје. 

Пораките се залепени на видно место во возилата на ЈСП Скопје, со цел сите корисници на јавниот превоз, да ја прочитаат инклузивната порака за разбирање, прифаќање и сакање на лицата со различности, односно на лицата кои се со видлива или невидлива попреченост. 

Град Скопје и ЈСП Скопје се отворени за соработка со сите организации и здруженија и се подготвени да пружат помош и поддршка согласно расположливите можности и околности, порачуваат надлежните. 

Во таа насока, во возилата на ЈСП Скопје и на Жичарницата дозволен е превоз на лица со попречености со куче придружник, се врши и организиран бесплатен превоз на лицата со попречености со специјални комбиња, лицата со попречености се ослободени од плаќање билет при користење јавен превоз… 

skopjeinfo.mk

Претходно

ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ: Ова е најновата прогноза на УХМР до среда (ФОТО)

Следно

Вучиќ: Ќе учествувам во изборот на новата влада, а потоа се повлекувам од лидерската позиција во СНС

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian