Дејвис: Невозможно е со два месеци работа да бидеме на потребното ниво во ЛШ

2 mins read

Вардар 1961 денеска убедливо загуби од Веспрем на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Скопските „црвено-црни“ се пред елиминација и ќе имаат многу тешка задача во Унгарија на реваншот кој ќе се игра на 6 април.

– Честитки до Веспрем и нивниот тренер Илиќ на победата. Честитки и за моите момци кои макотрпно работеа во овие два месеци. Се подготвувавме колку што е можно за овој меч. Можеби одигравме само добри 15 минути. Треба подобро да работиме, бидејќи во овој период од два месеци колку што сум тука е невозможно за да бидеме на потребното ниво во вакви натпревари. Имаме реванш, ќе продолжиме да се бориме. Иако резултатот не беше добар, им се заблагодарувам на сите кои дојдоа да ни ја дадат поддршката – изјави тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис на прес конференцијата по мечот.

Стојанче Стоилов, ракометарот на Вардар 1961 исто така им честиташе на Унгарците.

– За сите екипи е тешко тука да се победува, тоа му успеа на Веспрем. За мечот, што да кажам, игравме добро 15 минути и потоа нивниот голман започна да ги брани нашите удари. Имаше голема конфузија во нападот што резултираше во губење на самодовербата и тоа е тоа. Тие беа фаворити на овој меч, тие успеаја, ние не можевме да ги изненадиме. Но, ова е ракомет, ова е живот. Имаме уште една шанса во реваншот, изгледа невозможно, но сè може да се случи, така што, следува „второ полувреме“, се надевам дека таму ќе играме подобро – рече Стоилов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Отворени бракови: Џејда и Вил Смит не се единствените кои не практикуваат верност

Следно

Њујорк Тајмс: Врзана со чувството на жртва, Србија се држи за Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian