Откако започна истрагата за инцидентот на овогодинешното доделување на Оскарите во понеделникот, Академијата за филмски уметности и науки го објави своето прво соопштение, пренесува „Би-Би-Си“.
Членовите на Академијата тврдат дека актерот Вил Смит бил замолен да ја напушти церемонијата по нападот врз Крис Рок, но дека тој одбил да го стори тоа.
„Го замоливме господинот Смит да ја напушти церемонијата, но тој одби. Признаваме дека можевме да ја решиме ситуацијата на друг начин“, пишува во соопштението на Академијата.

Како што велат, против актерот покренале дисциплинска постапка бидејќи ги прекршил стандардните правила на однесување на Академијата. Тие вклучуваат несоодветен физички контакт, закани и нарушување на угледот на Академијата.
Првата постапка против оскаровецот би можела да биде покрената уште на следниот состанок на Одборот на Академијата, закажан за 18 април 2022 година. Вил Смит може да се соочи со суспензија и други санкции, велат тие.

Исто така, актерот, освен на социјалните мрежи, приватно му се извинил на Крис Рок, но и на номинираните, гостите и другата публика.
Од друга страна, пак, комичарот Рок истакна дека не бил никакво извинување.
„Не сум разговарал со никого, и покрај тоа што го слушнавте“, рече тој.
Повеќе написи на темата:
ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!
Крис Рок пред 13 години тврдеше дека никогаш нема да се потсмева со Вил Смит
ВИДЕО | Не му е прв испад: Вил Смит му удри шамар на новинар во 2012
Рики Џервејс се пошегува за скандалот на Оскарите: Таа има алопеција. Не е многу весело кај нив дома