Зошто во пролет боли желудникот и се активира гастритисот?

2 mins read

Сите со нетрпение ја очекуваат пролетта, но за многумина доаѓањето на првите топли денови значи и проблеми со желудникот. Имено, напролет најчесто се јавуваат или се влошуваат гастроинтестинални проблеми, особено гастритис, киселини во желудникот или, на пример, синдром на нервозни црева.

Пролетта не е причина за проблемот во вистинска смисла на зборот, туку фактор што ја влошува состојбата или „капка што ја прелева чашата“, заедно со другите ризични фактори како што се нездравата исхрана, склоност кон прејадување, стресот или пушењето.

Стрес за организмот

Сепак, докажано е дека промената на годишните времиња, односно доаѓањето на пролетта може да поттикне одредени хормонски активности и активности на нервниот систем кои го поттикнуваат лачењето на киселини во желудникот, а тоа е главниот проблем токму кај гастритисот и гастроезофагеалниот рефлукс. Постои уште една причина зошто гастритисот или, на пример, чирот на желудник често се активираат во пролет. Промената на годишните времиња е стресна за организмот, што доведува до слабеење на природните одбранбени функции. Тоа добро го искористува бактеријата Хеликобактер пилори (Helicobacter pylori), која во вакви услови полесно и побрзо се размножува и создава проблеми.

Пообилен појадок, поскромна вечера

Во такви околности, доволни се неколку цигари премногу или неколку дена неправилна исхрана за брзо ширење на оваа бактерија во слузницата на желудникот. Ако страдате од желудочни проблеми, најдобар начин да се подготвите за доаѓањето на пролетта е да го зајакнете имунитетот со храна, а доколку е потребно и со суплементи и малку да ги прилагодите навиките во исхраната: џвакајте подолго и побавно и воведете пообилен појадок и полесна вечера.

На изборот на храна треба да внимавате во текот на целата година, особено ако сте склони кон гастритис, но доколку претходно не сте воделе сметка за тоа, напролет дефинитивно треба да вклучите што повеќе зеленчук и свежо овошје во менито и од него да ја исфрлите пржената храна и пијалаците со кофеин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија

Следно

Шекеринска: Последиците од нападот врз Украина ќе бидат долги и далекусежни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian