Во една соседна држава се воведува „Ден без автомобили“ – Скопје нема „абер“ за еколошки сообраќај?

2 mins read

Во време на на енергетска, еколошка и економска криза, како никогаш претходно, се чини, е потребно да се свртиме кон алтернативните форми на сообраќај.

Велосипедизмот е еден од нив! Освен што е економичен, одличен е и за сопственото здравје и животната средина.

Секаде во Европа се применуваат низа активности и мерки за стимулација на овој вид на еколошки сообраќај.

Почнувајќи од 3-ти април, првиот ден недела секој месец, ќе биде „Ден Без Автомобили“ во сите поголеми населени места во Албанија. Слично нешто пред точно две години предложи иницијативата „На точак“, но како што велат оттаму Владата го проследила до надлежните министерства и на тоа останало.

-Сите обиди да се искомуницира оваа идеја за системско и редовно (не спорадично) воведување на „Ден Без Автомобили“ изминативе години било на национално ниво и особено побројни обиди на локално ниво, наидувале на неуспех, велат од „На точак“ кои се надеваат дека овој пример од блиската Албанија ќе послужи нешто да научат надлежните.

Многу слично е направена позитивната промена во Холандија во 1970-тите. За време на нафтената криза ставаат фокус на одржливиот, поздрав и поекономичен превоз.

Во Палермо да ги затворат главните улици за возила, цел центар! Предност имаат пешаците и велосипедите.

Во Белгија, засега само во Брисел, секој граѓанин кој ќе реши да се откаже од автомобилот ќе добие парична награда од 500 до 900 евра.

Што мислите каде сме ние како општество? Дали некаква ваква слична иницијатива би успеала во Скопје? Колку скопјани се подготвени да се откажат од својот приватен автомобил со оглед дека доаѓаат поубави временски прилики останува да видиме! Сепак наградата е подобро здравје, чист воздух и заштеда на ресурси.

skopjeinfo.mk

Претходно

Комисијата за заразни болести предлага и средношколците да не носат маски

Следно

Рекордно боледување во Црна Гора од над шест години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian