ВИДЕО | Нигеријците збеснаа по неуспехот: Навивачи влетаа на теренот, играчите на Гана едвај спасија жива глава

1 min read

Фудбалската репрезентација на Нигерија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Катар откако испадна од Гана во баражот поради што навивачите направија хаос на теренот и на трибините на стадионот во Абуџа.

Натпреварот во Абуџа заврши 1:1, а пласман на Мундијалот во Катар обезбеди Гана поради гол во гости бидејќи на првата средба во Кумаси заврши без голови.


Неуспехот ги налути нигериските навивачи прво ги нападнаа гостинските навиваи фрлајќи разни предмети кон нов, а потоа влетаат на теренот при што ги уништија головите и клупите.

Поради спората реакција на полицијата, фудбалерите на Гана беа препуштени сами на себе и едвај успеаја да дојдат до тунелот и да спасат жива глава. Полицијата успеа да ги смири гневните навивачи откако употреби сила и солзавец.

Селекцијата на Нигерија настапи на шест од последните седум Светски првенства.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џим Кери со осуда за колегата Вил Смит: Да ме удреше мене, ќе го тужев дебело!

Следно

Македонци 54,21 %, Албанци 29,52 %: Ова се резултатите од Пописот 2021

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian