Столтенберг: НАТО ќе ја заштити Бугарија

2 mins read

Во специјалното видеообраќање, по повод 18-годишнината од влегувањето на Бугарија во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, го забележа придонесот на Софија, велејќи дека, е уште позначаен во овој клучен момент, за безбедноста на останатите држави членки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Столтенберг, војната на претседателот Путин во Украина, дневно носи смрт и уништување, загрозувајќи ја безбедноста во Европа и предизвикувајќи го целиот светски поредок.

– Сојузниците во НАТО ја осудуваат таа војна и го повикуваат Путин веднаш да ја запре, да ги повлече своите трупи и да се сврти кон дипломатијата, изјави Столтенберг.

Тој потсети дека Бугарија испрати хуманитарна помош за Украина, вклучувајќи и за засолниште, како и медицински материјали, како и дека прима бегалци. Според него, моментално има стотици илјади воени сили во висока готовност низ Унијата. Има 100.000 американски војници во Европа и уште 40.000 под директна команда на НАТО, главно на источното крило на Алијансата, со силна воздушна и поморска поддршка, како и противвоздушна одбрана.

Столтенберг соопшти дека сојузниците од Алијансата испратиле воени сили во Бугарија. Шпанија испратила борбени авиони „Еурофајтер”, а наскоро Холандија ќе испрати Ф-35, работејќи рамо до рамо со бугарските военовоздухопловни сили, додаде тој.

Мултинационална борбена група на НАТО, што ја создава Бугарија, е пример за трансатлантска солидарност на дело, е јасна порака, дека сите сме обединети, истакна генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг е категоричен дека Алијансата ќе ја заштитува Бугарија и секој сантиметар од територијата на својот сојузник. Тој упати и повик, Бугарија, како и останатите сојузници, да инвестираат, најмалку, два отсто од БДП во својата одбрана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Секоја чест за коментаторот на Спорт клуб!

Следно

Зошто во пролет боли желудникот и се активира гастритисот?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian