Среќен роденден Ван Гог: Приказните зад неговите дела

10 mins read

„Сликав со сето срце и душа, а умот го изгубив во меѓувреме“

Денес е роден еден од најценетите уметници и сопственик на најпрепознатливиот сликарски стил, Винсент Ван Гог кој во своето време бил попрепознатлив по епитетот луд, отколку неговата генијалност. Работел 20 часа дневно и во животот направил преку 800 слики од кои успеал да продаде само една. Истите дела кои биле сметани за безвредни додека Вон Гог ги сликал, а денес висат на ѕидовите на најпрестижните галерии. Па, кои се приказните зад некои од нив?

1889: The Starry Night

Ѕвездената ноќ веројатно е на врвот на сечија листа кога станува збор за именување на најпознатите уметнички дела на Ван Гог. Виси на ѕидовите на Музејот на модерна уметност во Њујорк, (MoMA). Неговото експресионистичко спектакуларно ноќно небо отсликано низ вртлози предизвикува силен емотивен одговор до ден-денес.

pixabay
The Starry Night, Фото: Pixabay

Која е приказната во позадина?

Во духот на позитивизмот животот на Ван Гог не може да се игнорира кога се пишува за неговата уметност. Ван Гог доброволно се пријавил во душевниот азил во Сен Реми де Прованс во 1889 година, неколку месеци по злогласната епизода во која си го исекол левото уво. Оваа слика била заснована на погледот од неговиот прозорец во азилот.

Некои критичари на уметноста теоретизираат дека сликата е создадена во возбудена состојба, рефлектирана во речиси халуцинаторната природа на делото и потенцијално поткрепена со фактот дека Ван Гог доживеал втор нервен само еден месец по завршувањето на Ѕвездената ноќ.

И покрај тоа што сега се смета за едно од највредните уметнички дела во историјата, Ван Гог се чини дека лично ја сметал оваа слика како неуспешен експеримент. Тоа била само накратко спомнато во писмото до неговиот брат Тео како „ноќна студија“, неколку месеци откако веќе била насликана. Подоцна одлучил да не ја испраќа сликата во Холандија (изјавувајќи дека многу претпочитал други дела), и на крајот го означил неговото ремек дело како „неуспех“ во писмото до колегата сликар Емил Бернард.

1888: Sunflowers

Сончогледите не се само една слика, туку цели два акти. Најчесто, кога некој се повикува на „Сончогледите“ на Ван Гог, зборува за серијата што тој ја создал додека бил во Арл, составена од четири почетни верзии и три повторувања на истата идеја. Помалку познати се „Париските сончогледи“, кои ги создал додека живеел со својот брат во Париз помеѓу 1886 и 1888 година.

Sunflowers, Фото: Викимедија

Која е приказната во позадина?

Самиот Ван Гог се чини дека бил апсолутно воодушевен од сончогледите. Во 1888 година, тој напишал: „Сликам со нагон на Марсејец кој јаде бујабес, што нема да ве изненади кога станува збор за сликање големи сончогледи“. Во основа, тој сакал да слика сончогледи, и блиските го знаеле тоа. Во истото писмо кон брат му Тео, тој ќе објасни како неговиот сон бил да работи во студио заедно со неговиот пријател Пол Гоген и дека планира да создаде украси за ѕидовите што се состојат од огромни слики од сончоглед.

1885: The Potato Eaters

Јадачите на компири ги открива холандските корени на уметникот. Под силно влијание на уметниците од Хашката школа (најзначајно Јозеф Израел), Ван Гог се обидел да ја прикаже реалноста на селскиот живот онаков каков што навистина бил: груб, понекогаш грд, но и со автентичност и наклонетост пронајдени во семејниот амбиент.

The Potato Eaters, Фото: Викимедија

Која е приказната во позадина?

Ван Гог ја сакал оваа слика. Две години по завршувањето, тој ѝ напишал писмо на својата сестра во кое тврди дека „…сликањето на селаните кои јадат компири што го направив во Нуенен е на крајот на краиштата најдоброто нешто што го направив“. Искрено повреден од критиките што ги добил за сликата од неговиот пријател, колегата Антон ван Рапард, и строго го прекори велејќи дека тој „… нема право да ја осудува мојата работа на начинот на кој вие го сторивте тоа“.

Настрана од нејзиното посебно место во срцето на уметникот, сликата е значајна и поради малку помрачни причини: украдена е не еднаш, туку двапати – прво од музејот Кролер-Милер во 1988 година, потоа од музејот на Ван Гог во 1991 година. Во двата случаи на автомобилот за бегство му се дупнала гума, а крадците биле принудени да ги остават сликите зад себе, делото било безбедно и неповредено вратено.

1889: Self-Portrait with Bandaged Ear

Сликата на Ван Гог со преврзаното уво е икона, а објективно и првиот автопортрет што ќе ни падне на ум кога некој ќе помисли на Винсент ван Гог.

Self-Portrait with Bandaged Ear, Фото: Викимедија

Која е приказната во позадина?

Додека живеел со својот пријател и колега уметник Пол Гоген во Париз, Ван Гог се покажал како лош цимер. Тој и Гоген често имале несогласувања, кои повремено станувале насилни. За време на едно такво несогласување, се верува дека Ван Гог доживеал напад и му се заканувал на Гоген со жилет, но наместо тоа, си отсекол дел од левото уво и артеријата на својот врат. Во вознемирена психичка состојба, Винсент посетил локален бордел и го подарил увото на една од сексуалните работнички. Следниот ден бил пренесен во болница, без да се сеќава на настаните што се случиле.

1888: Bedroom in Arles

„Спална соба во Арл“ е всушност насловот даден на три речиси идентични дела, сите изложени во различни музеи ширум светот. Секоја слика нуди интимен приказ на спалната соба на Ван Гог, давајќи уникатен увид во тоа како живеел уметникот. Овде се вратил по напорниот работен ден, а ноќе сонувал. Сите слики се релативно едноставни и скромни, со силен фокус на ефективна употреба на бојата.

Bedroom in Arles, Фото: Викимедија

Која е приказната во позадина?

Ова била спалната соба на Ван Гог во „Жолтата куќа“, која ја делел со Гоген. Затворената врата лево водела до резервната спална соба, во која спиел Гоген. Во писмото до својот пријател, Винсент изјавил дека оригиналната слика од оваа серија настанала поради продолжената болест во текот на која бил врзан за кревет неколку дена.

Еден мал и убав факт што би можеле да го забележат набљудувачите со остри очи се минијатурните портрети што висат до креветот. Ова е еквивалент од 19-тиот век на поставување на фотографии на вашите пријатели на ѕидот – луѓето на сликата се современиците на Ван Гог и добри пријатели Ежен Бох и Пол Ежен Милиет.

1888: Café Terrace at Night

Оваа слика е првпат Ван Гог да се фокусира на создавање на неговите сега култни вечерни позадини со ѕвездено небо. Тој подоцна ќе ги создаде Ѕвездената ноќ над Рона набргу потоа, а потоа и Ѕвездената ноќ.

Café Terrace at Night, Фото: Викимедија

 

Која е приказната во позадина?

Самиот Ван Гог бил јасно инспириран и возбуден од идејата да ја претстави ноќта во неговите слики. Само што се преселил во Арл, тој бил полн со идеи и надеж за насоката на неговата уметност.

„Сега има слика на ноќта без црно. Со ништо друго освен прекрасно сино, виолетово и зелено, а во овие опкружувања осветлениот квадрат е обоен во блед сулфур, лимон зелена. Многу уживам да сликам на лице место навечер. Порано цртав, а сликата од цртежот ја сликаа дење. Но, сметам дека ми одговара веднаш да го сликам предметот. Сосема е точно дека можам да земам сина за зелена во темница, сина јоргован за розова јоргован, бидејќи не можете јасно да ја одредите природата на тонот. Но, тоа е единствениот начин да се извлечеме од конвенционалната црна ноќ со лоша, бледа и белузлава светлина, додека всушност обична свеќа сама по себе ни ги дава најбогатите жолти и портокалови“, напишал Винсент ван Гог.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарија од петок се враќа „во нормала“, се укинуваат ковид-мерките

Следно

До каде сме на патот кон ЕУ, пратениците дискутираа за Извештајот на Еврокомисијата за 2021 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian