Снопче: Резерви за веродостојноста на пописот, ги анализираме резултатите

2 mins read

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите.

-Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција, рече Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците.

-Не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Не веродостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓунардни инстанци, како што е светската банка и еуростат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30%  од граѓаните на Северна Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении. Плус уште една работа што сакаме да ја изнесеме при овој случај е дека постои една контрадикција меѓу изјавите на претседателот на заводот за статистика, г. Симовски после завршувањето на пописот со соопштените резултати. Имено веднаш после завршувањето на пописот тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 Септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеке што се запишани после крајниот рок кој што беше 30-ти Септември, рече Снопче.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Остри критики за накитот на „Луј Витон“: Го носи знакот на руската агресија?

Следно

Николовски: Дозволивте политичарчиња без идеали и разум да ви кажуваат што да правите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian