Шекеринска: Последиците од нападот врз Украина ќе бидат долги и далекусежни

2 mins read

Надвор од воената опасност што сега ја чувствува светот, прво се прави воено интегрирање за влез во НАТО а ние тоа го направивме за 19 месеци. Ние бевме ефикасни, а сега имаме информации за нашето небо, а нашите служби се во согласност со НАТО стандардите. Не е небитно што ги имавме навремено сите информации дека Путин планира војна во Украина, во исто време кога многумина сметаа дека тоа е само покажување сила, вели Радмила Шекеринска, поранешна министерка за одбрана за Утрински брифинг.

Кога низа западни земји ќе почнат да зголемуваат воени буџети и промени на енергетските структури во Европа, тоа не е добро за Русија.

-Последиците од нападот врз Украина ќе бидат долги и далекусежни. Ќе влијаат на одбранбените политики и финансии. Германија преку ноќ го зголеми буџетот за армијата на 2 отсто од БДП. Во однос на енергетиката, Европа нема никогаш повеќе да дозволи да биде зависна од руски енергенси. Сето тоа е на штета на Русија,

Русија имаше за цел да ја редефинира европската безбедносна структура според своите потреби, да не дозволи демократски прозападен развој на Украина, да го подели НАТО и да ги понижи САД, вели Шекеринска и додава дека овие четири приотитети Русија сакаше да ги спроведе одеднаш и погреши и потфрли.

-Ваква грешка во проценките им се случувале и на други големи сили. Тука има несоодветно дефинирање на крајната цел. Но, во демократските земји овие слабости се решаваат со послушување на различни мислења, па и со менување на лидерите, вели Шекеринска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто во пролет боли желудникот и се активира гастритисот?

Следно

Донесена резолуција во предметот за извидничкиот камп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian