Саниран коловозот на улицата “Рилски Конгрес” во Црниче

1 min read

Финализираат градежните работи за санација на коловозот на улицата “Рилски Конгрес” во населбата Црниче, кои течеа во изминатите три седмици.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во асфалтирањето на улицата, на што претходеше гребење на постоечкиот оштетен асфалт и нивелирање на шахтите.

-Денес започнува последната, финална фаза од санацијата на оваа фреквентна улица во населбата Црниче, која освен нејзините жители ја користат и многу други граѓани поради тоа што истата води кон Центар. По извршените подготвителни активности, се асфалтира на потегот од улицата “Банско” до “Востаничка”, односно 680 метри од улицата “Рилски Конгрес, со ширина од 5 метри. Најавив дека оваа пролет ќе се почувствува почетокот на градежниот бум во поглед на подобрување на инфраструктурата во општината, дека интензивно ќе се работи секаде каде што никој со години не инвестирал. Нашите жители од сите делови на општината, многу скоро ќе ја почувствуваат разликата и ќе добијат поквалитетни услови за живеење, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во активностите на терен на улицата “Рилски Конгрес”. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Мицкоски на средба со австриската министерка за Европа: Оваа влада ја нема поддршката на граѓаните

Следно

ФОТО | Остри критики за накитот на „Луј Витон“: Го носи знакот на руската агресија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian