Рекордно боледување во Црна Гора од над шест години

1 min read

 Рекордното боледување во Црна Гора траело подолго од шест години, покажува евиденцијата на Фондот за здравствено осигурување. Алармантно е тоа што има поединци кои се на добар пат да го соборат овој рекод, изјави Вукосава Пејовиќ од Фондот за здравствено осигурување.

 

– Моментално имаме боледувања од 54 месеци, 58 месеци, што значи дека веќе четири и пол години во континуитет пациентите се болни, појасни Пејовиќ за ТВЦГ.

Постојат сомневања за можни злоупотребени боледувања, наведува Фондот.

– Најчесто, луѓето кои се склони на злоупотребување, се оние кои во некоја реорганизација се распоредени на некое место што не им одговара, или не им одговара новиот менаџмент или можеби некоја ситуација на работа, па тогаш, најлесно им е да одат на боледување, додаде Пејовиќ. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во една соседна држава се воведува „Ден без автомобили“ – Скопје нема „абер“ за еколошки сообраќај?

Следно

Моќта на цензурата: Кијану Ривс избришан од интернет просторот во Кина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian