Променливо време со сончеви периоди, дожд во најава

1 min read

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Од четврток следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер. Во петок и сабота во попладневните часови ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд, на места пообилни проследени со грмежи и силен ветер.

kurir.mk

Претходно

Статистика ќе ги објави резултатите од пописот

Следно

Собранието ќе ја продолжи 57-та седница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian