Почина лекар на ФИФА во нередите на стадионот во Абуџа

1 min read

Веднаш по последниот свиреж на судијата во Абуџа и неуспехот на селекцијата на Нигерија да обезбеди настап на Светското првенство во Катар, навивачите предизвикаа хаос на стадионот.

Тие влетаа на теренот при кршеа и палеа се што ќе им дојдеше пред нив, а денеска Фудбалската федерација на Замбија (ФАЗ) потврди дека лекарот Јосеф Кабунго кој на наптреварот беше официјален лекар на ФИФА и на Фудбалската асоцијација на Африка (ЦАФ), починал од повредите здобиени во спампедото на стадионот.

– Фудбалската федерација на Замбија му се пирклучува а целиот фудбалски свет кој жали за смртта на доктор Јосеф Кабунго – објави ФАЗ.

Лекарот Кабунго на Националниот стадион во Абуџа беше присутен како официјално медицинско лице на ФИФА и ЦАФ на реванш натпреварот за пласман на СП во Катар помеѓу Нигерија и Гана.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје има 3,9 % повеќе жители и 30% повеќе станови од последниот попис во 2002

Следно

Дневен ковид биланс: 294 нови случаи на ковид и 6 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian