Португалскиот репрезентативец Пепе кој поради позитивен тест на ковид-19 не настапи против Турција, вчера беше дел од наптреварот на кој неговата селекција со 2:0 ја совлада Македонија во финалето на баражот за пласман на СП во Катар, зјави дека би била неправда доколку европскиот шампион од 2016 година не обезбедеше пласман на Мундијалот.
Вчера на стадионот „Драгао“ во Порто, Португалија со 2:0 ја совлада Македонија и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.
– Многу патев последните неколку дена. Сите знаете дека се грижам за себе, но овој пат не зависеше од мене. Ми беше тешко што не играв против Турција, но среќен сум што се опоравив на време и дадов свој допринос Португалија да обезбеди пласман на СП. Заслуживме да одиме на СП, ќе беше неправда доколку не се квалификувавме на Мундијалот бидејќи имаме голем квалитет – рече Пепе.