Не можел да се воздржи: Дејвид Бекам ги коментираше стапалата на својата сопруга

1 min read

Поранешната членка на групата „Спајс Грлс“ и сопруга на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија Бекам која сега е модна дизајнерка на Инстаграм објави фотографија во црн долг фустан со прилично длабоко деколте.

Викторија Бекам на овој начин сакаше да ја претстави новата колекција од нејзиниот бренд, меѓутоа, целото внимание го украде нејзиниот сопруг Дејвид Бекам кој во коментарите се пошегува на сметка на нејзините стапала.

Поради поставеноста на стапалото и должината на фустанот, нејзиното стапало навистина изгледа визуелно поголемо, па така Дејвид не можел да се воздржи и со својот коментар се пошегувал на нејзина сметка.

„Колкави се твоите стапала“, напиша Дејвид чиј коментар собра илјадници лајкови и коментари.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Поп одбил да плати во Лидл, полицијата присилно го извадила од маркетот

Следно

Дибала се сели во Интер, неговиот агент имал таен состанок со Марота

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian