Моќта на цензурата: Кијану Ривс избришан од интернет просторот во Кина

2 mins read

Актерот Кијану Ривс е мета на бојкот во Кина, која целосно го избриша неговото постоење на Интернет. Кина е една од земјите каде што цензурата на содржините е на многу високо ниво, а ограничувањето на некои содржини не е ништо ново во оваа земја.

Имено, Кијану Ривс присуствувал на виртуелен концерт на 3 март, организиран од непрофитната организација „Tibet House US“, на покана на Далај Лама, со цел да се зачува тибетската традиција на филозофија, наука, уметност и култура.

кијану ривс
Фото:EPA/FRANCK ROBICHON

Веројатно на Кина воопшто не ѝ се допаѓа оваа организација, а уште помалку оние што присуствувале, па експресно била издадена наредба до националното регулаторно тело целосно да се избрише популарниот актер за сите жители на Кина.

Досега, „Tencent“ и „iQiyi“ ги отстранија повеќето филмови на Ривс од нивните стриминг платформи, а пребарувањето на англиски или кинески за името и презимето Кијану Ривс не дава резултати. Единственото место каде што сè уште може да се дојде до некои резултати е „WeChat“, но веројатно е само прашање на време кога херојот од Матрикс целосно ќе исчезне и таа платформа.


Иако можеби на актерот воопшто не му е грижа за фактот дека Кинезите нема да ги најдат него или неговите филмови на Интернет, сепак филмските студија ќе бидат сериозно оштетени бидејќи Кина има над 1,4 милијарди луѓе, односно огромен број корисници кои посегнуваат по стриминг сервисите на одредени платформи, секој ден.

Дали филмските студија ќе реагираат и ќе извршат притисок актерот да се извини или Кина да се предомисли, останува да видиме.

Од друга страна, потегот на Кина е вистински показател за тоа што се случува во земјите каде што слободата на Интернет е ограничена и како некој што не ѝ се допаѓа на владата или кажува нешто спротивно на националната идеологија може едноставно да биде отстранет од 1,4 милиони луѓе, без никој да ги праша било што.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рекордно боледување во Црна Гора од над шест години

Следно

Во Македонија живеат 58,48 отсто Македонци и 24,3 отсто Албанци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian