Комисијата предлага и средношколците да не носат маски, да се овозможи организирање ученички екскурзии

1 min read

Комисијата за заразни болести на денеска одржаниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски.

– За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани, додаде д-р Мехмедовиќ.

kurir.mk

Претходно

Дневен ковид биланс: 294 нови случаи на ковид и 6 починати лица

Следно

Јадранскиот нафтовод ЈАНАФ најави прекин на испораките на нафта за НИС, реакција од Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian