Џим Кери со осуда за колегата Вил Смит: Да ме удреше мене, ќе го тужев дебело!

2 mins read

Актерот и комичар Џим Кери ја критикуваше холивудската публика на неделното доделување Оскари, поради овациите кои му беа дадени на Вил Смит, откако целата драма стана озлогласена, а шлаканицата упатена кон Крис Рок историска, пренесува „Daily Mail“.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

 

„Ми беше мака од овациите. Се чувствував како Холивуд масовно да остана без ‘рбет. Се чувствувам дека ова е јасен показател дека не сме веќе кул клуб“, изјави актерот во утринските вести на „CBS“ и откри што мисли околу целата ситуација.

Комичарот кој во минатото беше дел од заеднички филмови со Крис Рок, тврди дека Рок не поднел тужба затоа што не сакал да се малтретира дополнително, а Смит требало да биде уапсен.

Фото: Профмедиа

„Да бев јас, ќе објавев дека го тужам Вил за 200 милиони долари, затоа што тоа видео ќе остане засекогаш на Интернет. Ќе биде сеприсутно, и таа навреда ќе трае долго“, рече Кери.

Се чини дека глумецот покажа дека изразувањето неодобрени шеги, потсмевање на „Твитер“ и викање од публиката не е вон границите на пристојноста, но она што Смит на крај го направи ја премина границата.

„Немате право да излегувате на бина и да удирате некого по лице затоа што рекол нешто. Не мислам дека ова екскалираше тукутака, нешто се случува со Вил, нешто што го фрустрира и му посакувам се’ најдобро“, рече Кери.

Џејда Пинкет-Смит со емотивна изјава за битката со автоимуната болест: Јас и оваа алопеција ќе бидеме пријатели… и точка!

Актерот вели дека нема ништо против Вил Смит, но дека со овој потег, сечиј сјаен момент на доделувањето на Оскарите, се извалка.

„Многу луѓе напорно работат за да стигнат до Оскарите, но со оваа шлаканица, се засени нивниот момент“, додаде тој.

Џејда Пинкет-Смит со емотивна изјава за битката со автоимуната болест: Јас и оваа алопеција ќе бидеме пријатели… и точка!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре истекува рокот за финансиска поддршка од општина Аеродром

Следно

ВИДЕО | Нигеријците збеснаа по неуспехот: Навивачи влетаа на теренот, играчите на Гана едвај спасија жива глава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian