Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ секогаш прави интересни модни комбинации, а нејзиниот стил честопати е главна тема во медиумите. Неодамна, таа сподели своја фотографија на која носи интересен моден детаљ.
За својата попладневна прошетка, Ана избрала едноставна комбинација, совршена за пролетните денови кои се пред нас – тесни, црни панталони, чизми во истата боја, палто во окер боја и чанта која ги воодушеви сите оние кои ги следат модните трендови.
Со оглед на тоа што Ана не е тип жена која ги истакнува материјалните работи, таа сосема дискретно ја понела својата чанта од француската модна куќа „Hermes“, поточно познатиот модел чанти „Birkin“, која е скоро невозможно да се купи туку-така. Имено, за оваа чанта има листа на чекање, а само избраните имаат можност да ја купат.
Цената на оваа популарна чанта варира помеѓу 9000 и 13000 долари, а најскапата „Birkin“ чанта на сите времиња била неверојатни 500 000 долари.