Поп ѕвездата Мајли Сајрус јавно го нарече својот поранешен брак со Лијам Хемсворт „катастрофа“, откако на нејзиниот настап во Сао Пауло, „венчаваше“ геј-пар за време на нејзиниот настап.
На сцената на „Лолапалуза Бразил“, познатиот концерт на кој имаше многу ѕвезди годинава, Мајли откако исполни неколку свои песни, донесе двојка на сцена за јавно да се заколнат на вечна љубов.
A fan proposes to his boyfriend at Miley Cyrus’ show at Lollapalooza Brazil pic.twitter.com/0JKSMK3Mom
— Miley Nation (@MileyNation13) March 27, 2022
„Се надевам дека вашиот брак ќе биде подобар од мојот. Мојот беше проклета катастрофа“, им порача таа по честитањето.
29 годишната пејачка и музичарка позната по својата прва улога на Хана Монтана, се претвори во дива скандалозна девојка, а бракот со австралискиот актер беше пропратен со турбулентен однос и нестабилност. Тие се разведоа по неполна година брак, во август 2019.