Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да оствари историски успех и да се обезбеди пласман на Светското првенство во Катар откако во финалниот бараж натпревар загуби од Португалија со 2:0, но Елиф Елмас најавува големи работи во иднина.
„Дијамантот“ на својот профил на Инстаграм напиша дека иднината е пред македонската репрезентацијата која е и донесе нови радости на Македонија.
– Прекрасно искуство. Млада селекција со големи срца. Тек допрва ќе се радува Македонија – порача Елмас.