Џафери – Едштадлер: Време е ЕУ да се прошири со земјите од Западен Балкан

3 mins read

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со сојузната министерка за Европа и уставни прашања на Република Австрија, Каролине Едштадлер, на која и се заблагодарил за, како што нагласил, силната и отворена поддршка на Република Австрија за што побрза интеграција на земјава, како и целиот Западен Балкан во Европската Унија.

Како резултат на одличната взаемна соработка, претседателот го нагласил основањето на Работилницата за демократија во нашето Собрание, по примерот на онаа која функционира во австрискиот Парламент.

-Претседателот Џафери ја информираше министерката Едштадлер за Декларацијата што Собранието на Република Северна Македонија ја усвои  на 3 март 2022 година, со која најостро се осудува агресијата на Русија врз Украина, како спротивна на меѓународното право и воедно нагласи сека државата целосно ја усогласи својата политика со позициите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ во однос на санкциите кон Русија, сеоопшти собраниската прес-служба.

А во однос на евроинтеграциите, Џафери ја нагласил посветеноста за постигнување взаемно прифатливо решение со Република Бугарија, согласно европските правила, стандарди и вредности, со цел деблокирање на процесот на проширување. Во таа смисла, Џафери изразил очекување дека земјата ќе може и понатаму да смета на искрената поддршка на Австрија и другите европски земји.

-Министерката Едштадлер истакна дека од нејзината последна посета на земјава во мај 2021 година, воочува позитивен напредок во дијалогот со Бугарија и дека по нејзината последна посета на Бугарија е уште повеќе уверена дека наскоро ќе може да се постигне договор. Според неа, сега е време Европската унија да се прошири со земјите од Западен Балкан, бидејќи тоа, освен за нив, е безбедносно прашање и за Европската унија. Нагласувајќи дека го разбира големото разочарување на граѓаните во Република Северна Македонија и во Република Албанија поради застојот на отпочнувањето на преговорите за членство во Европската унија, подвлече дека, Република Австрија ќе продолжи да дава поддршка за побрзо решавање на проблемот со Бугарија, се вели во соопштението од Собранието.

Во насока на интензивирање и збогатување на економската соработка во различни области, таа го информирала претседателот на Парламентот за составот на нејзината делегација која е сочинета и од голем број на деловни луѓе заинтересирани за економска соработка со Република Северна Македонија, што, како што нагласила, е јасна потврда за взаемната волја.

Џафери изразил голема благодарност и за помошта што Република Австрија ја даде во справувањето на Северна Македонија со пандемијата од Ковид-19, во форма на координирање на дистрибуцијата на вакцините кога тие беа најпотребни, како и за несебичната помош на австриските пожарникари кои учествуваа во гаснењето на пожарите минатото лето. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Адидас“ ја претстави „Ал Рихла“, топката со која ќе се игра на СП во Катар

Следно

Мицкоски на средба со австриската министерка за Европа: Оваа влада ја нема поддршката на граѓаните

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian