Додека сме опседнати со Оскарите, Акдемијата и скандалите, совршен момент е под нос да се протнат филмски препораки. Додека, селекцијата на Академијата е подложна на скептицизам веќе со децении и можеби аверзија откако политиката ја обои трката за победа, во долгата листа на „Најдобар филм“ (Best Picture) има скапоцености и вистински уметнички достигнувања вредни да излезат од нафталин.
Па, кога ќе размислувате што да гледате, а да не биде „Еј, овој филм победи заради ова или тоа, или било што“, посегнете по минатото, златното доба на Холивуд и романсата на минатиот век.
1934: It Happened One Night
Или предвесникот на романтичните комедии
1940: Rebecca
Или школски вовед во техники за „gaslighting“
1950: All About Eve
Или како се ротираат жените на врвот
1953: From Here to Eternity
Или Френк Синатра глумел во филм
1958: Gigi
Или како се воспитуваат куртизани
1960: The Apartment
Или Били Вајлдер е многу кул
1964: My Fair Lady
Или Одри Хепберн има глумено и во други филмови
1985: Out of Africa
Или љубовно писмо за мајката на сите континенти
1989: Driving Miss Daisy
Или како да им се „објасни“ расизам на белци
1996: The English Patient
Или Ралф Фајнс e згоден во секое издание
ВИДЕО | Предлог воени филмови: Нешто за плачење, нешто за надеж