За еден викенд над 13.000 посетители во ЗОО Скопје

1 min read

Прекрасното време за изминатиот викенд го зголеми и бројот на посетители на Зоолошката градина во Скопје.

Како што оттаму известуваат, над 13.000 посетители биле во посета во викендот кој помина. 

„Не радува фактот што изминатиот викенд беше историски за Скопје ЗОО- Имавме најголем број на посетители од постоењето на зоолошката градина-вкупно 13257 (каде што не се вклучени дечињата до 3 години), со што е срушен досегашниот рекорд на посетеност, а и понатаму остануваме најпосетена институција во државата.
За пролетната сезона имаме многу нови проекти, едукативни работилници и хуманитарни базари со кои ќе ви ги разубавиме викенд прошетките во ЗОО Скопје и Дино Парк“, велат од ЗОО Скопје.

Со ова, е урнат досегашниот рекорд на број на посетители за еден викенд. 

Како што нагласуваат, ова се продадени билети за деца над три години и нивните родители и другите посетители, додека пак ако се додадат и децата под три години, овој број би бил навистина поголем.

skopjeinfo.mk

Претходно

Петровска: Нема директна закана за безбедноста, соодветно ќе одговориме ако НАТО побара наши војници

Следно

Во Истанбул завршија преговорите меѓу делегациите на Украина и на Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian