ВИДЕО: Ремизиравме во Леирија, а во Лозана Фиго им донесе триумф на Португалците

1 min read

Македонската А репрезентација денеска од 20.45 часот во Порто против Португалија ќе го игра финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Во сениорска конкуренција ова ќе биде трет натпревар помеѓу овие две селекции, претходните два беа пријателски.

Првиот пријателски меч се играше на неутрален терен во Лозана (Швајцарија) на 2 април 2003 година кога Португалците славеа со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок беше легендарниот Луиш Фиго кој стрелаше во 24 минута.

Вториот пријателски дуел беше на 26 мај 2012 година кога во Леирија ремизиравме без голови (0:0).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Не му е прв испад: Вил Смит му удри шамар на новинар во 2012

Следно

Петровска: Нема директна закана за безбедноста, соодветно ќе одговориме ако НАТО побара наши војници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian